За нас

Ветеринарите во служба на здравјето на животните и луѓето!

Ветеринарната платформа ВЕТ ИНФО е развиена од Ветеринарната комора и е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој, како можност и предизвик, со кои се соочува ветеринарната медицината во оваа дигитална ера и има за цел да се вклопи во тековните потреби на сопствениците на животни, во услови на пандемија со вирусот на КОВИД 19.

Достапни 24 часа, 7 дена во неделата, тим на доктори по ветеринарна медицина одговараат на прашања поврзани со здравјето, хигиената, исхраната, однесувањето и многу други прашања поврзани со Вашите домашни животни и миленици, преку он-лајн текстуални пораки, а зависно од потребата и видео комуникација.

На тој начин,во било кое време ќе можете да добиете професионален совет, препорака за соодветен третман од Ваша страна, доколку тежината на проблемот овоможува таква примена.

Доколку докторот по ветеринарна медицина врз основа на податоците кои ќе ги изнесете за здравствената состојба на животното заклучи дека на истото му е потребен неодложен медицински третман, ќе бидете упатени до најблиската локална амбуланта, клиника или болница.

Докторите по ветеринарна медицина, кои одговараат на Вашите прашања се лиценцирани професионалци, со долгогодишно искуство и работа во различни области од клиничката ветеринарна пракса и ќе го дадат вистинскиот совет за Вашето животно, во вистинско време, достапно со дигиталната технологија.




* Оваа услуга не е замена за преглед од страна на доктор по ветеринарна медицина во ветеринарна амбуланта, клиника, или болница, или во домашни услови , вклучително поставување на дијагноза и препишување на лекови. Целта е само да обезбеди насоки за своите корисници.